Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сугарески: Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа
Економија

Сугарески: Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа

јануари 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До крајот на месецов се очекува да биде објавен тендерот за првите 20 километри локални патишта со проектот за подобрување на локалната патна мрежа за кој неодамна беше обезбеден кредит од 70 милиони евра од Светска банка.

Планирана е изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од 450 километри.

Од Министерството за транспорт и врски денеска информира дека досега проекти доставиле 75 проценти од 80-те општини што може да добијат средства.

Општините, информираат, работат на подготовка на проектната документација со брзо темпо и веќе е подготвен првиот тендер со кој би требало да се рехабилитираат 20-ина километри и ќе биде објавен откако Светска банка ќе ги одобри проектите.

Општините ќе може да добијат од 500.000 евра до два милиона евра, како неповратни средства. Износот се утврдува во зависност од големината на општината, бројот на население, регистрираните моторни возила.

Методологијата за распределба на средствата е утврдена заедно со кредиторот – Светска банка.

„Предвидени се инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини. Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини. Овој проект е производ на посветената работа на вработените во Министерството во претходната година и проект што дирекно ќе се реализира преку ова министерство, Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа“, рече на прес-конференција министерот за транспорт Горан Сугарески.

Тој најави дека ќе потпишат меморандуми за соработка со општините и апелира до сите градоначалници, што поскоро да достават проекти за да може, како што нагласи, квалитетно да ги искористат средствата што се на располагање и заеднички да го подобрат урбаното живеење во општините.

Во неколку успешни пилот општини ќе се имплементираат мали проекти за подобрување на безбедноста, мобилноста и превозот.

Се планираат градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали
свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места.

Предвидена е и изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, урбана опрема, автобуски стојалишта, подобрување на кривини и раскрсници, воведување школски автобуси, зависно од потребите на општините.

влада Општини патна мрежа сугарески
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.