Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сугарески: Обезбедени 188 милиони евра за патната, железничката и комуналната инфраструктура
Македонија

Сугарески: Обезбедени 188 милиони евра за патната, железничката и комуналната инфраструктура

септември 9, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За само 100 дена Владата обезбеди 188,4 милиони евра грантови за подобрување на патната, железничката и комуналната инфраструктура, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

На прес-конференцијата во Владата по повод сработеното во првите 100 дена, министерот Сугарески оцени дека Македонија станува дел од транспортната заедница составена од земјите од Западен Балкан и ЕУ.

„Го зголемивме обемот на воздушен простор преку воведување на три нови линии кон Рим, Малта и Шведска, го продолживме рокот за легализација на дивограбите од 1 јануари до 31 декември 2018 година и од 1 јануари до 30 јули 2018 година, до 50 проценти ги намалуваме сите цени на услуги што ги нуди Катасарот, изнајдовме законско решение за враќање на одземените овластувања на приватните геодети, сработивме и предложивме серија законски решенија со кои ја олеснивме работата на бизнис секторот, истакна Сугарески.

Тој посочи дека се обезбедени 131 милион евра неповратни средства од ЕУ за доизградба на пругата до Бугарија на Коридорот 8 и оти со меморандумот потпишан со бугарското Министерство за транспорт и комуникации, двете држави се обврзани најдоцна до 2027 година да се изгради комплетно нова пруга.

„Работевме на обезбедување средства за изградба на пругата од Битола до Кременица. Договорот со новиот подизведувач очекуваме да биде потпишан овој месец, рече Сугарески, додавајќи дека во делот на железницата Владата го решила и проблемот со намалените плати на машиновозачите.

Во делот на патната инфраструктира преку Оперативната програма за транспорт 2014-2020 година обезбедени се вкупно 41 милион евра неповратни средства за изградба на нови патишта. – Потпишавме билатерален договор со ЕУ за финансирање на експресниот пат Градско-Дреново и договорот со изведувачот очекуваме да биде потпишан до крајот на овој месец. Обезбедени се средства и за третата фаза од експресниот пат Прилеп до Раец, истакна Сугарески.

На новинарско прашање за стопирањето на изградбата на автопатите, Сугарески нагласи дека нема стопирање и оти изградбата на автопатите ќе продолжи со посакуваната динамика на начин со кој ќе се заштитат државните интереси преку контролирано трошење на средствата, без притоа да посочи конкретна бројка за висината на дополнителните трошоци за изградба.

„За автопатот Демир Капија-Смоквица повеќе од година дена претходната власт не доставила документација за добивање на одобрение за градба за дислокација на 400 киловатен далновод и одобрение за градење на контролниот центар во Неготино.

Очекуваме во најбрз можен рок тие две забелешки да се отстранат и автопатот да биде пуштен, рече Сугарески.

За автопатот Миладиновци-Штип, Министерството поднело предлог за анекс на договорот за продолжување на рокот за изградба по 1 мај 2017 година, што е прифатлив за „Синохидро“.

Со тоа ќе се овозможи рок до 30 септември следната година овој патен правец да биде целосно завршен.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот истакна дека веднаш по изборите е потребно да се подготви нов анекс на договор со цел да се продолжи рокот за изградба.

„Се работи на сите претходно изнесените проблеми. По информации што ги имам, буквално се грешени трасите и проектите се целосно погрешни. Криено е 4,5 години и направени се невидени проблеми. Нема клучки на патиштата.

„Договорот истекува на 31 јануари 2018 година за целосна изградба и тоа не е можно да се направи, затоа што во овој период изградбата е до 48 проценти. Потребно е веднаш по изборите да се спрема нов анекс договор со цел да се продолжи рокот, нагласи Сугарески.

Тој додаде дека еден од приоритетите на новата Влада е и изградбата на автопатот Скопје – Блаце. – Еден од приоритетите на Владата е и тој автопат.

Тој ќе биде направен, меѓутоа мора да се направи сериозен план и проект, рече Сугарески.

 

актуелно битола бугарија ЕУ коридор 8 кременица миладиновци штип Прилеп сугаревски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.