Момче од Судан кое, со автобус, патувало од Палермо за Трапани, му го грабнало воланот на возачот и се обидело да слета со возилото од автопатот во провалија, пренесуваат италијанските медиуми.
Неколку војници кои биле меѓу патниците успеале да го спречат во намерата, јавува агенцијата Анса.
Мотивот за инцидентот сеуште не е познат, наведува италијанската агенција и пренесува дека припадниците на специјалната полиција го одвеле Суданецот зад автобусот и го сослушале.
Други детали за овој случај за сега не се соопштуваат.







