Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повреден.
Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица.
Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин.
Официјалните лица соопштија дека е во тек истрага за да се утврдат причините за несреќата.
Оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.
Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK







