Основниот суд Скопје 1 и Апелација денеска треба да одлучат дали ќе го почитуваат начелното мислење на Врховниот суд, кој ги укина сите истраги на СЈО по 30 јуни 2017 година, а истовремено истекува и триесетдневниот куќен притвор за обвинетите во случајот „Империја“ – бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сопственикот на Пелистерка Цветан Панделески.
СЈО најави дека ќе бара продолжување на куќниот притвор, затоа што станува збор за преземен предмет кој веќе бил отворен во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Ако двата суда одлучат да им го продолжат притворот, тие може да се жалат до Врховниот суд, кој пак утврди начелно мислење дека СЈО не смее да покренува нови истраги и обвиненија по рокот од 18 месеци.
Според ова, ако осудениот се жали на Апелација, а жалбата стигне до Врховен, судот ќе ја укине одлуката. Но, тоа не значи вели тој дека Врховен му пресудува на СЈО, објасни вчера претседателот на судот Јово Вангеловски.







