Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
  • УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
  • Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица
  • Бугарија го доби својот прв избран претседател: Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори
  • Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември
Судски процеси

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

октомври 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште.

За следното рочиште повикан е како сведок технички советник на одбраната.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Поради економичност на постапката, на денешното рочиште, беа сослушани двајцата веќе повиканите сведоци, предложени од одбраната.

Првиот сведок, која во 2013 до 2017 била советник во Советот на Општина Центар, рече дека на седницата во 2013 година биле четири одлуки за измена на ДУП-от.

– Гласањето на дневниот ред, со оглед дека спорните точки не беа тргнати, се изгласа. По два три часа расправа седницата беше прекината и закажана за четири пет дена. На следната седница додека се расправаше по легитимноста на точката, надвор имаше многу луѓе и врева. Со оглед дека надвор имаше народ што гласно реагираше на постапката за стопирање на градбата на црквата Св. Константин и Елена, внатре не можевме да следиме што се случува. Искрено не знам зошто
Претседателот на Советот не ја прекина Седницата, изјави сведокот.

Седницата, посочи таа, не беше прекината и во меѓувреме се случи реакцијата на луѓето надвор, со кршење на прозорци.

– Седницата траеше повеќе од 20 часа и не знам како претседателот на Советот не покажа сенс и не ја прекина со оглед дека немаше услови за работа, истакна сведокот.

Посочи дека не видела никакви политички одбележја кај толпата луѓе пред општината.

Вториот сведок, предложен од Борче Богдановски, рече дека Богдановски го познава од дете и дека тој е голем христијански верник и донатор на Црквата.

– Кога дојде повик од црквата да присуствуваме на протест за црквата Св. Константин и Елена. Поради работни обврски јас бев само еднаш на протест заедно со Богдановски. Имаше многу луѓе со верски одбележја.

Таму беше и Митрополит Агатангел кој имаше и обраќање и повика да се продолжи протестот и пред Општина Центар, изјави сведокот.

Посочи дека Богдановски цело време протестирал мирно и се движел заедно со толпата.

Судот врз основа на член 347 од ЗКП ги отфрли и нема да бидат сослушани повеќе предложени сведоци, меѓу кои и Митрополит Агатангел.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно судење насилство центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.