Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судењето за предметот „Насилство во Центар“ одложено за 2 февруари
Судски процеси

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ одложено за 2 февруари

декември 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Кривичниот суд Скопје денеска се одложи судењето по предметот на Специјалното јавно обвинитество „Насилство во Центар“, бидејќи согласно новиот распоред за работа на судиите, што ќе важи од Нова Година, во кривичниот оддел на овој суд веќе нема да работи еден од петмината судии од судечкиот совет.

Новото рочиште е закажано за 2 февруари, во 10 часот

На денешното рочиште во судот навреме се појави поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е еден од 12-те преостанати обвинети во предметот.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, по одложување на денешното рочиште кажа дека освен „Труст“, ниту едно од судењата не е во некоја поодмината фаза, и нема да има никакви пречки што ќе почне од ново.

„Ова судење си имаше две признанија на вина, кои имаат правосилни одлуки. Вкрстеното испрашување на господинот Жерновски е специфичен процес што не би требало да се повторува уште еднаш, заради одговорите, и затоа е поцелисходно да се одложи сега, затоа што предметот ќе го преземе друг судија, изјави Бубевски.

Посочи дека процесите се движат и судењата ќе почнат по Нова година и нема да има никаков проблем.

Во однос на условите во судот и тоа што има само една судница, Бубевски рече дека според неговите сознанија, судот веќе е во набавка на опремата, што ќе овозможи истовремени судење во повеќе судници.

Никола Груевски по денешното рочиште изјави дека нема ништо ново да додаде во однос на овие предмети, што власта, заедно со СЈО, цела година ги турка и, како што рече, претставуваат политички прогон.

Првично во предметот беа обвинети 14 лица, но во меѓувреме, двајца од нив, четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, ја признаа вината и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Покрај Груевски, во предметот „Насилство во Центар“ обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

актуелно одложено СЈО Труст центар шамари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.