Демонстранти во Лондон револтирани поради смртта на млад Афроамериканец минатата недела вчеравечер се судрија со полицијата на која фрлаа со шишиња и петарди.
Судирите избија на улиците на источен Лондон додека полицијата се обидуваше да ги растера демонстрантите од кои некои држеа транспаренти „Животите на црнците се важни“, пренесува АП.
Некои демонстранти фрлаа шишиња на полицајците, додека други блокираа дел од патот и спречуваа велосипедисти и возачи да поминат од таму, а запалија и контејнери.
Британските власти покренаа истрага за инцидентот на кој му претходеше смртта на Рашан Чарлс (20) кој минатата недела почина во болница откако полицаец го фати после потера.
Независна полициска комисија соопшти дека ќе се истражува дали имало злоупотреба или елементи на злосторство во овој случај.







