Судија од етичката комисија во Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сундра Раџо уапсен е во Малезија поради сомневања за вмешаност во корупција.
Истрагата што се води е поврзана со неговата позиција во Меѓународниот арбитражен центар на Азија, а не со позицијата во ФИФА.
Адвокатите на Раџо за агенцијата АП изјавија дека нивниот клиент бил задржан во полиција веднаш откако стасал од Цирих каде што бил во седиштето на светската куќа на фудбалот.
Судот го одбил барањето за притвор поради тоа што, како што навеле адвокатите, Раџо има „дипломатски имунитет и привилегии“.
Сепак, Раџо поднесе оставка на својата позиција во Меѓународниот арбитражен центар на Азија.
Канцелариите каде што работел Раџо во понеделникот биле детално претресени, пред тој да биде уапсен по враќањето во вторникот вечерта во тој град.
Реџо од минатата година е вработен во ФИФА.







