СЈО бара врховен да ја укине спогодбата на Звонко Костовски осуден како помагач во вршење на шпионажа во случајот „Пуч“.
Според обвинителките од СЈО, пресудата не се базира на докази, а дополнително е спротивна и на законот – не може некој да биде осуден за помагач во вршење на делото шпионажа без да биде осуден оној на кој му помагал – во случајов Зоран Верушевски.
Во Врховен денеска беше закажана јавна седница и за барањето за заштита на законитоста за случајот „Талир“ со кое СЈО и понатаму бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, но поради технички причини седницата е одложена за в понеделник.
Од Врховен велат дека кога ќе биде донесена одлуката за Костовски таа ќе биде јавно објавен
24vesti.mk







