Во Апелацискиот суд на јавна седница, денеска се разгледуваше жалбата нa СЈО за пратеникот Ејуп Алими од ДУИ бидејќи кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, го одби предлогот за определување притвор.
Тој е обвинет во случајот „Титаник 3“ кој се однесува на изборни измами односно уништување на изборен материјал.
Од СЈО, на седницата присуствуваше обвинителката Фатиме Фетаи, која посочи дека Алими е тој што вршел влијание врз сведоци, а оти судот во решението погрешно го навел Исмет Гури, исто така обвинет во случајот.
„Во тој контекст, Фетаи наведе и дека двајца сведоци тврдат дека им е страв за безбедноста на нив и на нивните семејства бидејќи Алими како пратеник од ДУИ која е во владејачкото мнозинство има моќ за влијание.
Одбраната очекувано негираше изјавувајќи дека СЈО нема докази од кои може да се заклучи дека би имало влијание врз сведоци.







