Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за случајот „Сопот“ се откажа од обвинението за предметот стар 15 години.
Обвинителката Катица Јанева по неколку одржани рочишта денеска се појави во судот и го повлече обвинението кое го презеде од редовните обвинителства.
Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.
Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.







