Претседател на Собранието во новиот парламентарен состав ќе биде Талат Џафери од ДУИ, кој и досега ја беше на оваа функција.
Информацијата ја потврди мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Зоран Заев на прес-конференцијата по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Ние договоривме претседател на Собранието да остане Талат Џафери“,
рече Заев.
Заев и Ахмети објавија дека ја прецизирале и потврдиле рамката за идната соработка меѓу владината коалиција.
„Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата“, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.
Засега официјално се уште не се објавени имиња на следните министри
во новата влада.






