Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТАЛИБАНЦИТЕ СЕ МЕНУВААТ: Кабул може да стане нов Дубаи
Автор

ТАЛИБАНЦИТЕ СЕ МЕНУВААТ: Кабул може да стане нов Дубаи

февруари 20, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од две години откако ја презедоа контролата врз главниот град на Авганистан, Кабул, и ветија дека ќе ја искорени западната декаденција која наводно ја зафати земјата, многу Талибанци прифатија урбан начин на живот, пишува „Вашингтон пост“.

Некои за време на викендот ги посетуваат забавните паркови во Кабул, а некои на големите екрани поставени низ градот гледаат крикет. Други на нивните Фејсбук профили објавуваат селфи и купуваат книги за самопомош објавени на Запад. Кабулските школи каде што се подучува англиски се полни со талибански војници и државни службеници во маскирни елеци.

Додека талибанците го менуваат Кабул, некои се прашуваат дали тој ги менува нив.

„Во многу нешта се трансформирани“, рече педесетгодишниот Абдулрахман Рахмани, поранешен борец, кој на талибанците им помогна во 1996 и 2021 година да го заземат Кабул. Оваа изјава ја даде за „Вашингтон пост“ додека ги гледаше лавовите во зоолошката градина.

Некои талибански борци жалат што за време на борбата за превласт во земјата се откажале од материјалните добра што ги стекнале. Рахмани вели дека еден талибански борец му рекол оти жали што тој и неговиот брат поради војната го напуштиле училиштето.

„Да продолживме да учиме, сега ќе седевме во канцеларии“, му рекол тој на Рахмани.

Меѓутоа, нема индикации дека овие промени доведоа до омекнување на репресивните политики што се воведоа, особено оние кои се однесуваат на правата на жените. Многу борци кои во 2021 година го зазедоа градот, истиот сè уште го гледаат како разочарување, а градскиот живот е постресен, поосамен и помалку религиозен отколку што мислеле дека ќе биде.

Кабул, за повеќето борци кои учествуваа во неговото освојување беше непознаница, но и заводлив предизвик.

Рахмани за „Вашингтон пост“ изјавил дека сонува за денот кога Кабул ќе личи на Дубаи.

„Кога ќе се решат економските проблеми, работите ќе се сменат“, истакнал Рахмани.

Додека талибанските власти откако го зазедоа градот „се фрлија“ на купување мотори, трговците велат дека во последно време се позаинтересирани за скапи теренци како „Тојота Ленд Кризер“.

Абдул Мобин Мансор, 19-годишен талибански војник, и неговите колеги се согласуваат дека за нив е многу важно да имаат стабилна врска со Интернет.

Велат дека се навлекле на неколку телевизиски серии. Омилени им биле турскиот крими трилер „Долина на волците“ и јужнокорејскиот историски „Џумонг“.

Мансор истакнал дека селото му е сè уште во паметот и дека таму можеби ќе се врати еден ден.

„Се надевам дека дотогаш таму ќе има струја и друга модерна инфраструктура“, изјавил 19-годишниот војник.

Некои војници, како 35-годишниот Хасам Кан, велат дека најверојатно нема да се вратат во руралните области. Кан рече дека не му било лесно да се прилагоди на градскиот живот. Мисли дека луѓето од Кабул се плашат од него и дека очите го болат од предолго гледање во компјутерскиот монитор.

Меѓутоа, пристапот до струја и вода и часовите по англиски јазик и компјутери го промениле неговото мислење за градскиот живот.

„Сега ми се допаѓа“, рече 35-годишникот.

Некои Авганистанци кои беа против Талибанците рекле дека забележале оти тие почнале да се менуваат.

Тарик Ахмад Амархаил, 20-годишен вработен во продавница за очила, вели дека многумина забележале дека Талибанците се обидуваат да се прилагодат на животот во градот.

„Дојдоа од планините, не го разбираа нашиот јазик и не знаеја ништо за нашата култура“, рече Амархаил.

Талибанците првично биле против западната облека и ги уништувале музичките инструменти.

Меѓутоа, Амархаил рече дека тој и неговите пријатели со автомобил во кој свирела музика поминале покрај талибански контролен пункт и дека тие ништо не им приговориле.

И додека западната облека сè уште е ретка глетка на улиците на Кабул, некои жители на авганистанската престолнина биле шокирани кога ги виделе талибанците во воени униформи кои наликуваат на оние што ги носеле нивните непријатели.

Повеќе од шест помлади и постари вработени во талибанскиот режим рекле дека пристапот до образовните институции го гледаат како награда за нивните маки.

„Кога го освоивме Кабул, ветивме дека ќе бидеме подобри верзии од себе“, рече Лаал Мохамад Закир, 25-годишен приврзаник на Талибанците, кој се вработил во Министерството за финансии на Исламскиот емират Авганистан.

Закир се запишал на интензивен курс по англиски јазик за еден ден да може да студира во странство.

Метрополата, сепак, не ги завела сите што дошле во неа.

Пријателите Забихулах Мисбах и Ахмадзаи Фатих, двајцата на возраст од 25 години, биле меѓу првите кои во 2021 година влетале во Кабул. Мисбах сè уште го поврзува градот со „лоши работи“ како што е „прељубата“.

„Кога сте на село, поповрзани сте со Господ“, изјавил Мисбах, додавајќи дека во селата нема толку многу одвлекувања и дека поединецот може да се фокусира на молитвата.

Жителите на селата, забележал, биле подобро поврзани меѓу себе и биле помалку осамени.

„Кога сте во џихад, вие сте смирни. Меѓутоа, кога дојдовме овде, не успеавме да најдеме мир“, рекол Фатих.

Иако многу Авганистанци по пристигнувањето на талибанците го напуштиле Кабул, тој повторно се претвори во пренатрупан и загаден град каков што беше некогаш.

Потребни се неколку часа за да се стигне од едниот до другиот крај. Абдул Мобин Мансор и неговите пријатели велат дека загадениот воздух и оддалеченоста од нивните семејства ги тераат да размислат дали уште долго ќе живеат во големиот град.

„Оние кои со себе ги поведоа своите семејства се посреќни од нас“, вели Мансор, кој сè уште е ерген.

Кириите што се плаќаат во градот се доста високи, а становите што може да се добијат за нив се мали.

Кога Талибанците сакаат да избегаат од градската гужва, тие или се искачуваат на ридот во центарот на градот или одат до вештачкото езеро Каргу, на периферијата, и таму во своите камионети да грицкаат бадеми и ф’стаци.

Жителите на Кабул, кои малку се исплашија кога Талибанците пред повеќе од две години влегоа во градот, изјавиле дека се надеваат дека бројот на поранешни борци кои го прифатиле градскиот живот наскоро ќе ги надмине оние што го мразат Кабул и дека Талибанците како резултат на тоа ќе станат поумерени.

Многу жителки на главниот град на Авганистан велат дека тоа се уште не се случило.

Тие сè уште не смеат да одат на факултет, а девојчињата постари од 12 години не смеат да одат во основно училиште.

Од Обединетите нации велат дека Талибанците го претвориле Авганистан во земја која најмногу ги угнетува жените.

„Талибанците нема да се сменат“, рекла Рокја, 25-годишна сопственичка на продавница за облека.

Продажбата нагло и паднала минатиот месец откако Министерство за пороци и доблести на Авганистан привело жени кои не биле облечени според строгите правила наметнати од Талибанците.

„Девојките не излегуваат сами, не се осмелуваат“, вели Рокја, која е дипломиран физичар.

Кога е сигурна дека никој не ја гледа, таа под тезга чита научна литература.

Талибанците рекле дека сакаат да ја реконструираат земјата, меѓутоа тоа нема да им појде од рака ако на жените продолжат да им ги ускратуваат најосновните работи и активности.Многу странски донатори го напуштија Авганистан веднаш штом Талибанците ја презедоа контролата, а приватните инвеститори се многу малку.Дали скапите облакодери, импозантните џамии и правите патишта можат да ги натераат Талибанците на компромис?

Талибанците во текот на изминатите неколку месеци активираа проект за станбена заедница на периферијата на Кабул, кој бил осмислен пред повеќе од 10 години, а кој авганистанската влада која уживаше поддршка од Соединетите Американски Држави никогаш не го заврши.

„Ќе го наречеме Кабул Нов Град“, рече министерот за урбан развој Хамдула Номани.

Градителот Мокадам Амин вели дека Талибанците првично сакале проектот да биде помалку амбициозен, а становите поевтини.

Сепак, ситуацијата, се чини, во меѓувреме се промени. Талибанците сега сакаат Новиот град Кабул да биде прекрасно монденско место со облакодери, училишта, универзитети, базени, паркови и трговски центри. Можеби изградбата на таа заедница ќе трае неколку децении. Како што сега стојат работите, до земјата каде што треба да расте новиот Кабул може да се стигне само по импровизирани патишта. Крај тие патишта има фабрики од стари тули, а до нив песочни пустински полиња.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Трка на автомобили во Кабул – Вакил Кохсар/АФП)

авганистан актуелно дубаи Кабул талибанци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.