Арбен Таравари, новиот министер за здравство кој требаше да го преземе ресорното министерство, тврди дека жали поради немилиот настан што му се случил на екс министерот Никола Тодоров.
Требаше да се видиме со господинот Тодоров во 12.30 часот, меѓутоа се случи тоа што се случи.
Многу сум среќен дека тој и целиот негов тим се здрави и живи и добри и не се воопшто повредени.
Примопредавањето ќе го направиме тогаш кога тие ќе бидат подготвени, ќе ми се јават и ќе одиме – истакна Таравари.







