Министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук профил сподели фотографии од штипската болница, кои сведочат за катастрофалните состојби во овој здравствен дом.
„Нема потреба од демант за секојдневните пресови на опозицијата. Оваа е дел од тоа што ми оставивте од вашите здравствени политики… Од мојата посета во Штипските болници…
„Една слика повеќе од 1000 зборови“, напиша Таравари, како одговор на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ преку кои опозициската партија го обвинува министерот за лошите состојби во здравството.
Тој пред неколку дена ја посети штипската болница и изјави дека е шокиран од тоа што го видел.











