Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и помошникот министер за обука, Суза Трајковска, присуствуваат на овогодинешнава конференција за шефови на полиции во организација на Меѓународната асоцијацијата на шефови на полиции (IACP).
Програмата на конференцијата има два основни столба, првиот е добросостојбата на полицискиот службеник, а другиот е зголемувањето на бројот на жени лидери во полицијата.
Македонската делегација учествуваше на сесијата на Генералното собрание на асоцијацијата, на која се обрати и главниот јавен обвинител на САД, Мерик Гарланд, а преку видео линк и претседателот на САД, Џо Бајден.
На собранието биле прогласени најдобриот полицаец од САД за 2022 година и уште 22 полициски службеници кои во текот на годината покажале исклучителни резултати во својата работа.







