Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тачи: Следната недела активности за формирање нова косовска Влада
СВЕТ

Тачи: Следната недела активности за формирање нова косовска Влада

април 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Косово Хашим Тачи најави дека идната недела ќе ги преземе дејствијата, согласно неговите уставни овластувања, за формирање нова влада на Косово, со оглед дека сегашната влада е во оставка, откако на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од Собранието, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на Твитер соопшти дека на земјата ѝ е потребна влада со целосен легитимитет од собранието, која ќе му служи на народот и ќе биде способна да се соочи со кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.

Тој порача дека е потребно да се зајакне поддршката од САД и Европската унија за Косово, а за таа цел треба да се укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како и реципроцитетот што го воведува владата во оставка на Албин Курти кон Белград.

– Идната недела ќе ги преземам последните уставни чекори за да се овозможи формирање нова влада, која ќе има целосен легитимитет од собранието и ќе биде способна да се бори против Ковид-19 и да му служи на народот. Таксата и реципроцитетот треба да се укинат за да се зајакне подршката од САД и ЕУ за Косово, напиша Тачи.

По изгласувањето недоверба на сегашната влада, Тачи во неколку наврати побара од Курти, како лидер на партијата победничка на изборите од минатиот октомври, Движење Самоопределување (ВВ), да именува кандидат за состав на новата влада.

Курти ги одбива барањата на претседателот, тврдејќи дека нова влада во ваква ситуација, според неговото толкување на Уставот, може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине епидемијата на Ковид-19.

влада Тачи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.