Американската тајна служба планира да тестира безбедносен дрон при посетата на претседателот Доналд Трамп во својот голф клуб во Бедминтер, Њу Џерси, кон крајот на месецот, пренесува Би-Би-Си.
Службата наведува дека експериментира со разни дронови заради безбедносно надгледување. Во овој случај, дронот ќе лета на височина од 91 до 121 метри над заштитената зона на клубот, при посетата на Трамп за која се очекува дека ќе биде подолга.
Дронот, како што наведува Би-Би-Си, е опремен со оптички инфрацрвени камери и ќе биде физички поврзан со микрофиламенти за извор на енергија.
Од тајната служба посочуваат и тоа дека ќе ги информирале луѓето во голф клубот дека дронот е во акција.
Снимките од дронот ќе се преснимаат после 30 дена, ако не станат во меѓувреме предмет на истрага, укажува Би-Би-Си.







