Како пациенти, во ординациите на докторите доаѓаме кога имаме некој здравствен проблем и тогаш лекот го гледаме во нашите доктори, но дали сте се запрашале што ги поттикнало нив да се занимаваат со оваа хумана и благородна професија?
Токму за да одговориме на овие прашања, решивме да започнеме нова практика – еднаш неделно со некој доктор од јавното здравство да поразговараме за тоа како одлучил да стане доктор, за позитивните искуства со пациентите, а пред сè да сподели случаи кога со својата посветеност спасил некој човечки живот.
Целта на ТВОЈ ДОКТОР е да ги запознаеме подобро нашите доктори и да Ве инспирираме и Вас да споделите позитивни искуства со докторите во нашата држава.
Само со заедничка соработка со докторите може да поттикнеме позитивни промени во нашето здравство велат од Министерството за здравство.







