Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Пристапувањето кон НАТО ќе го забрза економскиот раст
Економија

Тевдовски: Пристапувањето кон НАТО ќе го забрза економскиот раст

јануари 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стабилноста и меѓународниот статус што ги носи членството во НАТО, влијаат на одлуките за инвестиции, како на домашните, така и на странските инвеститори, вели во интервју за месечникот ЗАМАН министерот за финансии Драган Тевдовски, говорејќи за очекувањата за економски раст.

Тој, како што соопшти Министерството за финансии, вели дека со пристапување во НАТО, земјата ќе добие подобар меѓународен статус и ќе биде во друштво на најразвиените земји. Како што посочи, искуствата од другите земји покажуваат висок раст на странските директни инвестици по влезот во НАТО Алијансата. Ако се земе просек од пет години пред и по пристапувањето на Бугарија и Албанија, кои ни се соседи, се забележува неколкукратен раст на странските инвестиции.

„Кај Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од седум проценти на 19,8 проценти од БДП. Кај Албанија тие се двојно поголеми, или од пет проценти на девет проценти од БДП и тоа во време на светската економска криза. Значи, ефектите можеле да бидат и поинтензивни. Кај Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти. Тоа е прилив на свеж капитал, нови фабрики, нови производствени капацитети, нови работни места, нови производи, пренесување на know-how, вели Тевдовски.

Тој посочи и дека во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО.

Во интервјуто Тевдовски зборува и за оценките на економијата во 2018 година. Тој посочи дека согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, од почетокот на годината просечната плата е повисока за 5,7 отсто. Ако порано годишно платата растела еден или два отсто, сега растот е скоро шест отсто.

Невработеноста заклучно третото тримесечје во 2018 година е намалена на 20,8 отсто, и најниска досега, вели во интервјуто Тевдовски и посочува дека во овој период отворени се 14.239 нови работни места.

„После подолг период се враќа довербата на инвеститорите. Првите девет месеци од 2018, странските директни инвестиции достигнаа 316 милиони евра, што е значително повисоко од вкупниот годишен износ претходната година. Извозот во 2018 е за 16 отсто повисок во однос на 2017 година. Расте индустријата, но и услужниот сектор, вели Тевдовски.

Тој посочува дека во второто и третото тримесечје економијата забележува солидни остварувања на бруто-домашниот производ со три отсто раст. Она што е исклучително важно, вели Тевдовски, е што овој раст е генериран од приватниот сектор.

економски ЕУ НАТО раст тевдосвсдки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026

Германскиот канцелар Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.