Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Јавните финансии се во добра кондиција
Економија

Тевдовски: Јавните финансии се во добра кондиција

октомври 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавните финансии се транспарентни, јавниот долг е под контрола, а во процедура се и реформи за унапредување на јавниот финансиски систем. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски на Конференцијата на Македонската Академија на науките и уметностите, зборувајќи за реформи во системот на јавните финансии.

Министерот посочи дека јавните финансии сега се во добра кондиција, но и дека се изготвени мерки за подобрување на системот.

„Со Програмата за реформи на јавните финансии (ПФМ) предвидени се низа мерки за поголема ефикасност и ефективност на јавното трошење, одржливост на долгот и поголема транспарентност. Преку нов закон за буџети, подобрен систем за јавни набавки, објавување на расходите на веб платформа и други мерки, ќе се подобри управувањето со јавни финансии. Со ова ќе се обезбеди стабилен и одржлив економски раст, а со тоа и подобар стандард за граѓаните – рече Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека по долго време јавниот долг е ставен под контрола.

„После 9 години имаме намалување на јавниот долг на годишно ниво. Долгот е ставен под контрола. Истовремено имаме подобрување ако се гледаат каматите и структурата. Значително е намалена каматната стапка на државните хартии од вредност. Ова е резултат на зголемување на довербата на инвеститорите. Таа доверба се покажа и при издавањето на еврообврзницата. Постигната е историски најниска камата од 2,75%. Тоа е двојно па и трикратно помалку во споредба со претходно издадени еврообврзници – рече Тевдовски и додаде дека е зголемена и рочноста на издадените државни хартии од вредност, што го прави долгот поодржлив.

Тевдовски посочи и дека зголемувањето на транспарентноста им дава на граѓаните контрола над трошењето на државните пари.

„Транспарентноста е најдобриот механизам за поефикасно и ефективно управување со јавните финансии. Направивме низа чекори во оваа насока изминатиов период, што беше забележано од меѓународните финансиски институции, но и Европската Унија. Објавени се низа податоци и извештаи кои претходно не беа објавувани, направен е „Граѓански буџет“, а буџетските корисници имаат обврска да ги објавуваат договорите и анексите за јавни набавки, како и завршните сметки на своите веб страници. Преземени се и низа други мерки, а ќе се преземаат и во иднина. До крајот на годината граѓаните преку веб ќе можат да ги следат исплатите од Трезорот, а Буџетот ќе им стане подостапен преку веб-апликација и други алатки  кои ги подготвуваме – рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека една од клучните реформи во јавните финансии се прави во системот за јавни набавки. Со новиот закон е предвидена поголема транспарентност во јавните набавки, а во предвид ќе се зема економски најисплатливата понуда. Законот е усогласен со европските пракси.

Научната конференција која ја организираше Академијата беше посветена на идните предизвици на економскиот развој и економските политики кои се водат во Република Македонија. На конференцијата свое излагање имаа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот на МАНУ Таки Фити, гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, универзитетски професори и претставници на бизнис секторот.

актуелно европска пмф Тевдовски унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.