Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Телеком: Се поставува опрема од најновата генерација за 5Г услуги, досега покриени 11 градови
Економија

Телеком: Се поставува опрема од најновата генерација за 5Г услуги, досега покриени 11 градови

ноември 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Телекомуникациската компанија Телеком денеска соопшти дека продолжува со активности за поставување 5G мрежа на целата територија на државава. Во тек е, информираат, интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство.

Од август досега покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште две во јужниот дел: Гевгелија и Дојран.

-Со планираните активности до крајот на годината, 20 проценти од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5G услуги. За модернизација на мрежата и овозможување 5G, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години, посочуваат од Телеком.

Најавуваат дека ќе понудат 5G услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК, што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.

-Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават животот во сите сфери. Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и др. Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени, најавува телекомуникациската компанија.

Агенцијата за електронски комуникации  вчера објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација, преку јавно наддавање. Рокот за доставување на понудите е 35 дена.

5-ги мрежа актуелно телеком
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.