Да имаше ‘Д’ од доказ против мене, јас одамна ќе бев… немаше да бидам тука! Што не значи и дека тие што се уапсени се виновни.“
Тоа го изјави Груевски, придружуван од шест (и со бројка: 6) свои адвокати, на влез во Кривичниот суд во процесот „Титаник“, а по повод сомневањата дека токму тој е главниот инспиратор, организатор и телефонскиот „командант“ на настаните на 27 април. Мене ми се чини дека токму армијата негови адвокати за бројни тешки кривични дела за кои се сомничи може да се земе како посреден доказ, ако не и како целосно признание, дека Груевски на 27 април бил сосема свесен што го чека, доколку насилно не го спречел формирањето на новата влада на Заев.
Неговиот телохранител, пак, вели Груевски, на телефон со брат му Нинџа – ИСТОВРЕМЕНО додека Нинџа ја ставал качулката на глава за упад во Собранието и за ликвидација на Заев – разговарале „за семејни работи“…
Е, токму со таква малолетничко-деликвентска наивност овој човек владееше десет години! Раскажувајќи прикаски за мали деца, додека големите околу него ја „олешија“ државата до непрепознатливост!
Добро, зошто да не, можеби организацијата на државниот удар била главната тема за разговор во семејството „Нинџи“. Ама тоа нема никого од обвинетите да го спаси од многу долги затворски казни. Барем додека сите тие перспективни долгогодишни робијаши не решат малку самите да си помогнат, додека не проговорат и не ја посведочат вистината за настаните. Кој нејќе – не мора!
…
Сашо Ордановски
Извор: Цивил