Турските власти издадоа налог за апсење на 31 лице во провинцијата Малатија, како дел од истрагата за зградите уништени од разорните земјотреси, јавија денеска турските медиуми.
Според пишувањата на медиумите, обвинителството во Малатија покренало истрага за пропустите (недостатоците) во градежната регулатива кај урнатите згради.
Се истакнува дека бројот на уапсените не е конечен.
Турција во текот на викендот вети дека ќе спроведе темелна истрага за секој за којшто се сомнева дека носи одговорност за уривање на згради за време на разорните земјотреси.
Турскиот потпретседател Фуат Октај, претходно, изјави дека досега се идентификувани 131 лице за кои постои сомневање дека сносат одговорност, бидејќи зградите се урнаа до темел во десет провинции погодени од земјотресите пред седум дена.
Во земјотресите што на 6 јануари се случија во делови од Турција и Сирија повеќе илјади згради беа уништени. Бројот на загинати веќе надмина 33.000 луѓе.
(Фото: Би-Би-Си / ЕПА)







