Повеќе од 200 припадници на косовската полиција ноќва отишле од јужна во северна Косовска Митровица, јавува Косово онлајн.
Косовска Митровица е град кој се наоѓа на северот на Косово, а денес е познат како симбол на етничките поделби на Косово.
Во јужниот дел живеат исклучиво Албанци, додека северниот дел е една од енклавите на косовските Срби. Градот го дели реката Ибар, премостена со два постари моста и Новиот мост, што не спречи етнички конфликти и немири во 2004 година.
Според известувачот на порталот Косова онлајн, полицајците биле распоредени низ градот и ја блокирале цела Северна Митровица.
Наводно биле фрлени две шок бомби.
Според нивните зборови, тие се таму за да обезбедат сигурност.
Граѓани на северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за се што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти. Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолнети од улиците. Српските медиуми пишуваат дека „ почна окупацијата на северна Митровица “.
(Фото: Косово онлајн)







