Украинските екстремисти предизвикаа инциденти пред рускиуте конзулати во Харков и Лавов и амбасадата во Киев, јавуваат агенциите.
Според пишувањето на американската агенција АП, десетици ултрадесничари запалија автомобилски гуми пред рускиот конзулат во Лавов во знак на протест против заплената на украинските бродови во Керчкиот теснец, меѓу Азорското и Црно море.
Агенцијата наведува дека за овој инцидент се одговорни припадниците на групата Национален кор, која исто така повикуваше на протести против украинскиот претседател Петро Порошенко, „затоа што не е доволно агресивен кон Русија“.
Според оценката на АП, групата е мала, но има моќ да изврши притисок на Порошенко.
Руската агенција ТАСС пренесува дека групата украински екстремисти извикувајќи антируски слогани запали оган во дворот генералниот конзулат на Русија во Харков и фрлала со јајца кон зградата.
Украинските медиуми пренесуваат дека ситуацијата пред овој конзулат и понатаму е многу напната.
Ултрадесничарската група Ц14 објави на Фејсбук фотографии од запалениот дипломатски автомобил на Русија во Киев.








