Технологијата што би можела да го ублажи проблемот со вселенскиот отпад успешно ги мина тестирањата во Земјината орбита. Се работи за системот наречен „Терминатор тејп“.
Спејс-икс ракетата Фалкон Хеви во јуни 2019 година постави неколку десетици сателити, меѓу кои и Прокс-1. Сателитот во септември ја активираше лентата „Терминатор“, што е прицврстена за надворешниот дел од сателитот.
Лентата е долга 70 метри има својства на спроводник на електрична енергија и прилично мала маса. Служи за брзо собирање на неактивните сателити. Технологијата е погодна токму поради занемарливата тежина, а и производството е прилично евтино.
Стручњаците подолго време предупредуваат дека вселенскиот отпад претставува опасност како за мисиите така и за активните сателити.
„Терминатор“ би можело тој проблем да го реши или барем да го ублажи.







