Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Технички проблем или ненамерна ракетна грешка
СВЕТ

Технички проблем или ненамерна ракетна грешка

јануари 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американски, канадски и украински претставници тврдат дека украинскиот патнички авион што се урна во Техеран ненамерно бил погоден од ракета, додека иранските власти апелираат да се почекаат резултатите од истрагата.

Тие ги повика заинтересираните стани да се вклучат во истрагата за причините за авионската несреќа.

Авион Боинг 737 на летот 752 на украинската авиокомпанија УИА се урна во средата, неколку часа откако Иран изврши ракетни напади врз две бази во Ирак, каде се стационирани американски и коалициски сили.

Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Помеѓу загинатите 82 државјани биле на Иран и 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои деветмина членови на екипажот, четворица Авганистанци, и по
тројца патници од Германија и од Велика Британија.

УИА веднаш по несреќата соопшти дека авион бил нов и два дена пред
несреќата ја помина последната техничка контрола.

Додека според првичните информации од иранските власти и од Амбасадата на Украина во Техеран, авионот се урнал поради дефект на моторот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека можноста украинскиот патнички авион да е соборен од ракета не е
исклучена, но оти се уште не е потврдена.

Тој додаде дека за истрагата за авионската несреќа во која загинаа 176
патници и членови на екипажот во текот на денот ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека доказите укажуваат дека иранска ракета го соборила украинскиот патнички авион.

Тој истакна дека нападот „можеби бил ненамерен“.

И американски претставници претходно изјавија дека „многу веројатно“ е иранска противавионска ракета да го соборил авионот.

И тие претпоставуваат дека нападот најверојатно бил по грешка.

Во меѓувреме, портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи ги повика САД да ги почекаат резултатите од истрагата за падот на украинскиот патнички авион.

Тој ги отфрли како „големи лаги“ обвинувањата од американските претставници дека авионот е соборен од ирански проектил.

„Никој нема да преземе одговорност за така голема лага, кога еднаш ќе се докаже дека таквото тврдење било измама“, наведе Рабиеи.

Тој истакна дека според меѓународните правила во истрагата за падот на авионот може да учествуваат државата во која се случила несреќата, авиокомпанијата и државата која била сопственик на авионот односно Украина, производителот на авионот – Боинг, како и земјата во која е
произведен моторот на авионот – Франција.

Украински истражители веќе имаат пристап до остатоците од авионот, но не се соопштуваат детали бидејќи истрагата е во почетна фаза.

А, во меѓувреме Американскиот национален одбор за безбедност на транспортот (НТСБ) ја прифати покана на Иран да учествува во истрагата за причините за авионската несреќа.

Иранскиот претставник во Меѓународната организација за цивилно
воздухопловство Фархад Парвареш ги негираше американските и канадските тврдења дека авионот е случајно соборен.

„За нас како Иранци ова е трагедија и катастрофа… Мислам дека би требало да го задржиме чисто техничкото вештачење и да не го мешаме со политичките тензии во регионот. Треба да ги оставиме експертите да истражат и да направат свој извештај“, истакна Парвареш.

Американските медиуми објавија видео-снимка за која тврдат дека на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

На снимката се гледа како авионот е погоден ракета над Паранда, град во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш.

Авионот туку авионот по неколку минути го смени правецот и се упати кон
аеродромот, кога и експлодира.

актуелно ракетна грешка технички проблем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.