Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово
Македонија

Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово

август 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Течат роковите за поднесување на приговори за изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови во Советот на Општина Тетово. Доколку има поднесено приговори, Државната изборна комисија би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа како ќе се решат и дали ќе има тужби до Управниот суд.

Државната изборна комисија доцна вечерта по изборите во саботата ги соопшти првичните резултати.

Според нив, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови.

Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12, по што следуваат ДУИ со 11 мандати, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и СДСМ со два мандата. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива и ДПА.

 

Коалицијата предводена од СДСМ славеше за двојна победа на вонредните локални избори за градоначалник во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа, додека пак ВМРО-ДПМНЕ славеше за, како што ја претставија, двојна победа во Тетово, односно дека тие го победиле СДСМ, а БЕСА ја победила ДУИ во Тетово.

Според СДСМ, граѓаните избрале напредок и ги препознале вистинските политики.

„Граѓаните избраа напредок, граѓаните на изборите потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, кој ја води државата напред. Во овие тешки времиња граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на СДСМ и коалицијата, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина, истакнаа од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, кои славеа во Тетово, побараа оставка од премиерот и предвремени избори.

„ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата. Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато. Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради изборниот неуспех во Тетово и неосвојувањето на ниту еден советнички мандат, вчера неотповиклива оставка поднесе лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

По состанокот на највисокото раководство во Тетово, Села на прес-конференција најави дека повеќе нема да се кандидира за лидерското место во партијата.

Тој информираше дека во периодот што следува, Централното собрание треба да заседава и да одлучи кој ќе биде в.д претседател на партијата.

 

 

МИА

актуелно жалби маврово-ростуше рокови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.