Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тече рокот за поднесување на предлогот за нова влада, нема најава за собраниска седница
Македонија

Тече рокот за поднесување на предлогот за нова влада, нема најава за собраниска седница

август 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тече рокот во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада. На веб страницата на Собранието за денеска не е закажана седница. Крајниот рок е 2 септември.

Во саботата ДУИ го предложи Јетон Шаќири за министер за информатичко општество и администрација, а претходно лидерот на партијата Али Ахмети ги обелодени и имињата на останатите министри. Според таа објава, Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши за економија и Насер Нуредини за животна средина.

Од редовите на СДСМ во новата влада треба да влезат Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска да продолжи да го води ресорот одбрана, а предлогот на мандатарот е на чело на Министерството за правда да биде Бојан Маричиќ. Министерството за транспорт ќе го води досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, а со Министерството за труд и социјална политика треба да роководи Јагода Шахпаска. Ресорот култура ќе и биде доделен на Ирена Стефанова. Досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања, а вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука. Фатмир Битиќи ќе биде предложен за вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски за вицепремиер за борба против корупцијата.

Новата влада треба да биде помала, односно од наместо досегашните 26, ќе има 19 министри или седум помалку.

Мандатарот Зоран Заев од владиниот тим очекува работа, чесност и одговорност, а вчера и неговата партија преку соопштение најави дека новиот владин состав во следните четири години ќе работи посветено на реализација на зацртаните програми, пред се на економскиот раст и развој.

–  На прво место на агендата на новата влада е новата развојна македонска економија, која ќе обезбеди јакнење на стандардот на сите граѓани. Во наредните четири години ќе продолжи растот на платите, вложувањата во нови работни места, континуираната поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции. Новата Влада продолжува со вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој, посветена на грижа за сите граѓани, а особено на најсиромашните. Членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија носат стабилност и поттик за интензивен економски раст на државата, наведе СДСМ во соопштението.

Предлозите за новите министри беа објавени во средата откако претходно беше официјализирана коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.

Предлозите за нови министри во средата беа одобрени од највисоките тела на двете партии.

Измени во собранискиот состав 

Додека се чека на новиот владин состав, веќе се најавуваат измени во собранискиот состав. Новоизбраниот пратеник Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, се откажа од пратеничкиот мандат со цел да се избегне можен конфликт на интереси со неговиот глас во Собранието.

– Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободната волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието, напиша вчера Бесими.

актуелно нова влада поднесвање предлог рокови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.