Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тешко повредениот возач на автобусот и уште четири патници задржани во велешката болница
Хроника

Тешко повредениот возач на автобусот и уште четири патници задржани во велешката болница

август 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дваесет и деветгодишниот возач на товарното комби „крафтер фолксваген“ од Скопје загинал на местото на сообраќајната несреќа синоќа кога директно се удрил со патничкиот автобус со кратовски регистратски таблички.

Возачот на автобусот, 37- годишниот М.К. од Куманово, добил тешки телесни повреди.

На 18 патници им била укажана лекарска помош во велешката болница, а четворица, покрај тешко повредениот возач, се задржани во болницата.

Несреќата се случи околу 19.50 часот на магистралниот пат Велес – Штип пред клучката за Ново Село.

Тешко повредениот возач бил приклештен во автобусот од каде што бил извлечен со помош на екипа пожарникари и по укажаната прва медицинска помош бил пренесен во велешката Општа болница, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес кои ги ваделе повредените патници во автобусот.

Загинатиот од уништеното товарно комби, кое целосно било сплескано од ударот, пожарникарите го ваделе час и половина, по што телото било предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител кој вршеше увид со полицијата.

Ортопедот д-р Љупчо Леов од Хирушкото одделение во велешката болница доцна синоќа информираше за медиумите дека на тешко повредениот возач на автобусот му е направена компјутерска томографија и се очекуваат резултатите од снимките.

„Останатите 18 повредени од автобусот се здобиле со полесни телесни повреди – исченици и рани по лицето и телото и веднаш беа медицински третирани и зашиени, а некои имаа и полесни нагмечувања по телото и екстремитетите. Тие по укажаната лекарска помош беа испратени на домашно лекување, а само четворица од нив ги
задржавме во болницата на посматрање“ , појасни др Леов.

Повредените биле семејства со деца и патувале на одмор за Бугарија.

Имало патници од Кичево, Гостивар и Велес.

Патник од автобусот ни изјави дека патувале кон Штип, каде што требало да се префрлат во друг автобус за да го продолжат патот кон Бугарија.

Како што информира за МИА д-р Страхил Тодоров од Службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за сообраќајката биле информирани во 19.55 часот, а на местото на несреќата пристигнале за осум минути со две амбулантни комбиња и две медицински екипи со двајца лекари.

Рече дека кога стигнале на местото на несреќата виделе  дека сосема десно од патот било излетано товарно комби и автобусот неколку метри понатаму.

„Ние на местото на несреќата затекнавме едно лице – возачот на автобусот со тешки телесни повреди, а возачот на товарното комбе беше починат на лице место. На тешко повредениот, кој пожарникарите го извлекоа од приклештениот автобус, и на останатите шест повредени патници од автобусот, кои беа со лесни телесни повреди,
им укажавме прва медицинска помош, а потоа со нашите две амбулантни комбиња итно ги однесовме на понатамошно лекување во Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница Велес“, појасни д-р Тодоров.

Од седумтемина повредени што ги превезле со брза помош, пет биле мажи и две жени на различна возраст, а немало деца. Останатите 12 полесно повредени патници во Општата болница во Велес на преглед во болницата од местото на несреќата биле однесени со автомобили.

Полицијата работи на утврдување на причините на сообраќајната несреќа.

Од СВР Велес дополнително се очекуваат повеќе информации.

автобус актуелно велешка болница патници повреден возач
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.