Мотоциклист и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а 12 лица се лесно повредени во девет од вкупно 23 регистрирани сообраќајни незгоди изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 14 сообраќајки е причинета материјална штета.
Поради поголема брзина од дозволената од сообраќај се исклучени 130 возачи, 51 возач под дејство на алкохол, 74 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 12 возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени и 59 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.
За непрописно паркирање се издадени 143 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 107 возила.