Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тимоние: Поддршка преку Француската агенција за развој за постигнување на ЕУ стандардите
Македонија

Тимоние: Поддршка преку Француската агенција за развој за постигнување на ЕУ стандардите

јули 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Преку новата француска стратегија за земјите од Западниот Балкан, која во јуни ја објави претседателот Емануел Макрон во Берлин, ќе се конкретизира нашиот ангажман за да можете што побрзо и што поефикасно да ги достигнете европските стандарди кон кои народите од овој регион се стремат со полно право. Во тој поглед Преспанскиот договор отвори нови перспективи за иднината.

Ова го истакна францускиот амбасадор Критијан Тимоние синоќа на свеченоста по повод Националниот празник на Франција 14 Јули што се орджа во Музејот на современа уметност на која присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерката Радмила Шекеринска, министри во Владата, претставници на институции, на дипломатскиот кор и други гости.

-Наесен очекуваме да завршат подготовките околу договорот со македонските власти за да може да отпочне со работа Француската агенција за развој и да соработува во клучни области со државните и со локалните власти, но и со граѓанскиот сектор како што се животната средина и урбанизмот за кои веќе се реализирани подготвителни мисии, рече Тимоние.

Осврнувајќи се на евроинтеграциите, амбасадорот Тимоние се наврати на како што рече, честите контакти и неодамнешната посета на француската министерка за европски прашања кои вели, создаваат корисен и отворен дијалог околу нашата европска аспирација.

-Истите ги разбираме и ги поддржуваме посакувајќи суштинска промена во управувањето со европскиот проект. Тој проект носи голема надеж која ние не треба да ја изневериме, кажа Тимоние.

Како полноправна членка на НАТО, Париз, рече, посакува да се зголеми македонското присуство во мировни мисии под европско покровителство, а нагласи и дека фокусот на реформите треба да биде во насока на зацврстување на владеење на правото.

-Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите оние кои работат заедно со нас за развој на Франкофонијата и соработуваат во спроведувањето на реформите за зајакнување на владеењето на правото кое треба да биде во центарот на нашите заеднички активности. Ќе продолжиме да работиме на тој план во духот на стабилноста и просперитетот на овој регион, кој е дел од иднината на Европа. Северна Македонија со своите успешни реформи, со борбата против корупцијата, со градење на мирно општество и целосна соработка со соседите може да биде пример за тоа, порача францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

актуелно ЕУ поддршка развој стандарди тимоние
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.