Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тим од Пентагон во Министерството за одбрана на билатерални одбранбени консултации
Македонија

Тим од Пентагон во Министерството за одбрана на билатерални одбранбени консултации

март 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави ги обновија билатералните одбранбени консултации по четири години, кога последен пат во Вашингтон се одржал состанок на експертските тимови на Пентагон и Министерството за одбрана.

Како што соопшти Министерството за одбрана, заменик – помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер,  со експертски тим од Пентагон, денеска во Скопје одржуваат експертски консултации со тимови од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија. Овој пат ќе се договара продлабочена соработка во одбраната која од партнерска, преминува во сојузничка.

На почетокот од работниот состанок, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги поздрави заменик помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер,  и тимот од Пентагон, и потенцираше дека зачестените состаноци, по средбите кои минатата недела ги имаше во САД, меѓу кои и средбата со Патрик Шанахан кој ја врши должноста секретар за одбрана на САД, покажуваат дека двете земји од партнери преминуваат во сојузници.

„Задоволни сме од напредокот на реформите во одбраната, а успешниот пат кон НАТО ни овозможи да се состанеме со вашиот тим како земја чиј Протокол за пристапување во Алијансата е потпишан и веќе ратификуван од повеќе соседни земји. Продолжуваме со реформите во одбраната во чие спроведување имаме огромна поддршка од САД. Долгорочниот план за развој на одбраната е готов, очекуваме наскоро да биде усвоен од  Владата и со тоа уште еднаш ќе ја потврдиме одлучноста за издвојување на два отсто од БДП за одбраната, а веќе од следната година ќе издвојуваме  20 отсто од одбранбениот буџет за модернизација на Армијата. Важно е што ја реиницираме билатералната соработка во одбраната сега, кога земјата преминува од партнер во член на Алијансата и има поголеми одговорности, во чие спроведување поддршката од САД ни е од огромно значење, истакна Шекеринска.

Заменик – помошничката на секретарот за одбрана на САД посочила дека напредокот во последните 16 месеци, е огромен.

„Во првиот момент, планот за реформи во одбраната и членството во НАТО изгледале преамбициозни, рече Купер и додаде дека стратегискиот одбранбен преглед и реформите во одбраната се веќе во фаза на имплементација, амбицијата за зачленување во НАТО се реализира, а Протоколот за пристапување веќе се ратификува во земјите членки .

Таа најави и скорешно потпишување на нов Договор за билатерална соработка во одбраната меѓу САД и Република Северна Македонија.

На почетокот на работниот дел од состанокот на тимовите на министерствата за одбрана од двете земји, високите гости, како што е наведено во соопштението, ги поздравија и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.

-Еден од приоритетите за соработката во одбраната со САД за годинава е асистенција и поддршка за имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед.  Двете делегации ќе разменат информации за безбедносната ситуација во регионот, и ќе зборуваат за засилување на  сите елементи на билатералната соработка, во одбранбеното планирање, трансформацијата на Министерството и Армијата на Република Северна Македонија, плановите за модернизација и опремување на Армијата, како и  за можностите за поддршка од страна на САД  во нови обуки, заеднички вежби и учество на припадниците на Армијата во НАТО операции, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

актуелно одбранбени консултации Пентагон Тим
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.