Опозицискиот белоруски лидер Светлана Тихановска изјави дека денеска планира да се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден и со државниот серкретар Ентони Блинкен во текот на нејзината посета на Вашингтон.
„Планирани се такви средби, но засега не можам да го потврдам времето кога тие ќе се одржат“, по нејзината средба со белоруската дијаспора во американската престолнина.
Тихановска утринава стигна во САД, се состана со белоруската дијаспора на Плоштадот на Слободата, во близина на Белата куќа и Капитол.
Претходно, Тихановска на својот Телеграм канал напиша дека планира состаноци „на високо ниво“ во Стејт департментот на 19 јули и во Белата куќа еден ден подоцна.
Освен тоа, нејзиниот распоред вклучува и состанок со директорот на Американската агенција за меѓународен развој, Саманта Пауер, и со американски пратеници.