Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТИ: Пандемијата ја зголеми корупцијата во ЕУ
СВЕТ

ТИ: Пандемијата ја зголеми корупцијата во ЕУ

јуни 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Euractiv

Пандемијата ја зголеми корупцијата низ Европската унија, чии граѓани повремено мораа да бараат лични врски за да добијат здравствена заштита, а некои влади ја искористија кризата во своја полза, наведува во извештај Транспаренси Интернешнл.

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 40.000 луѓе во 27 земјичленки на ЕУ од октомври до декември 2020 година, покажа дека 29 отсто од луѓето се потпираат на услуги или пријатели и семејство со добри врски за пристап до јавниот здравствен сектор.

Шест отсто од испитаниците давале мито директно.

„Здравството е жариште на корупција, особено кога владите се бореа против пандемијата Ковид-19“, се вели во годишниот извештај на ТИ за искуствата на луѓето и перцепцијата на корупцијата во ЕУ, Глобален барометар за корупција – ЕУ 2021.

Највисоко ниво на корупција во здравствениот сектор е забележано во Романија (22 отсто) и Бугарија (19 отсто), а зависноста од лични врски е најчеста во Чешка (54 отсто) и Португалија (46 отсто).

Многу испитаници оценија дека нивната влада не управува со пандемијата на транспарентен начин.

Во Франција, Полска и Шпанија, така мислат 60 отсто од учесниците во истражувањето.

ТИ оцени дека наодите од истражувањето се „особено загрижувачки за време на пандемијата со Ковид-19, кога на граѓаните итно им требаше здравствена заштита и
вакцини.

„Не само што на луѓето кои страдаат од Ковид-19 им е потребна медицинска помош, туку и владите ширум ЕУ организираат вакцини за заштита на најранливите и планираат да издвојат милијарди евра за закрепнување по пандемијата“, се вели во соопштението „Корупцијата ги загрозува сите овие активности“, додаде ТИ, повикувајќи ги владите на ЕУ да ги удвојат своите напори за да обезбедат фер закрепнување од пандемијата.

Во извештајот се вели дека Унгарија и Полска ја искористија кризата како „изговор за поткопување на демократијата“ со усвојување регулативи кои ги ослабнаа демократските институции.

Другите политичари сметаа дека кризата е „шанса за профит“, се додава во извештајот, кој укажува на лобирање за набавка на заштитни маски и скандали во кои се вклучени некои германски пратеници.

Покрај здравствениот сектор, третина од жителите на ЕУ сметаат дека корупцијата како целина се влошила во нивната земја, според резултатите од истражувањето.

Речиси половина од населението проценува дека нивната влада не оди добро во решавањето на тој проблем.

Испитаниците особено изразија загриженост за „пријатните врски“ меѓу владите и приватниот сектор и очигледна леснотија со која компаниите можат да ги намалат своите даночни сметки.

„Овие резултати треба да бидат повик за будење“, рече директорот на ТИ, Михил ван Хултен.

„Постојат многу активности што треба да се спроведат веднаш, како што се зголемување на транспарентноста на лобирање и на национално и на ниво на ЕУ и решавање на проблемот со затајување данок“, рече Хултен

актуелно ЕУ корупција пандмеија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.