Министерот за здравство и вицепремиер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, денеска на својот Фејсбук-профил објави дека се откажува од пратеничката функција.
„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров.
Тодоров во 2009-та беше назначен на функцијата Министер за образование и наука, а од 2011 ја вршеше функцијата Министер за здравство.







