Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТОРНАДО И ГРАД: Разорните бури во САД однесоа 32 животи
Во Фокусот

ТОРНАДО И ГРАД: Разорните бури во САД однесоа 32 животи

април 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на загинати во силните бури што предизвикаа торнада во јужните и централнозападните региони на САД се искачи викендов на 32, според локалните власти и извештаите на медиумите.

Во Мемфис, во сојузната држава Тенеси, две деца и едно возрасно лице беа пронајдени мртви во саботата, откако силните олујни ветришта соборија дрвја на неколку куќи, соопшти тамошната полиција.

Во округот Мекнери, исто така во Тенеси, официјални лица известија за уште два смртни случаи, откако претходно во саботата пријавија седум загинати, пренесуваат локалните медиуми.

Министерството за здравство на Тенеси во неделата објави дека во уште три окрузи се забележани три дополнителни смртни случаи поврзани со временските услови, но не дадоа повеќе детали.

Во округот Овен, во Индијана, според државниот Оддел за природни ресурси, маж и жена биле пронајдени во локалниот парк.

Дополнителни 15 смртни случаи од невремето, кое предизвика торнада во неколку области, претходно беа пријавени во Арканзас, Илиноис, Индијана, Мисисипи и Алабама.

Десетици луѓе се повредени, а многу згради се оштетени или уништени.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера прогласи „голема катастрофа“ во Арканзас и нареди федерална помош за закрепнување.

Претседателот во изјавата што ја даде доцна попладнето рече дека тој и сопругата Џил Бајден се молат за луѓето погодени од невремето и побара од надлежните федерални службеници да им помогнат на оштетените и на семејствата на настраданите за нивните потреби.

„Знаеме дека семејствата ширум Америка тагуваат за загубата на најблиските, очајнички чекаат вести за оние кои се борат за своите животи и пребаруваат по рушевините на нивните домови и фирми“, рече тој.

Националниот центар за предвидување бури вчера предупреди на тешки временски услови во делови од северен и североисточен Тексас, околу Далас и Форт Ворт, вклучувајќи многу голем град, силни налети на ветер и „силно торнадо или две“.

Меѓународниот аеродром „Далас Форт Ворт“ вчера неколку часа беше затворен за слетувања, а појдовните летови беа одложени откако подрачјето беше погодено од пороен дожд, град и силни ветрови.

Слично лошо време, вклучувајќи бури со грмотевици, се предвидува подоцна оваа недела за поголемиот дел од средниот запад помеѓу Чикаго и Литл Рок, во Арканзас, соопшти центарот.

актуелно Америка бура Индијана Мемфис торнадо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.