Четири лица се повредени во невреме на Халкидики, Грција, каде над морето се формирала морска пијавица.
Областа Неа Плаја, на околу 40 километри јужно од Солун, ненадејно ја зафати силно невреме кое за неколку минути урна чадори и оштети друг мебел на плажата, пренесува порталот Прототема.
За време на бурата, во морето пред плажата се формирала морска пијавица.
Од силниот ветер повредени се најмалку четири лица, од кои едно е пренесено во болница, а можно е, според болнички извори, да се здобила со скршеница.
Останатите тројца се полесно повредени на кои им била укажана прва помош од две екипи на Брза помош на лице место.
Фото илустрација: EPA/MARK SMITH







