Пет лица, од нив три деца, настрадаа од струен удар во базен во аква парк во градот Акјази, на северозападот на Турција.
Новинската агенција Доган јави дека три деца билс погодени од струја во базенот, а дека потоа во базенот скокнале менаџерот на аква паркот и неговиот син за да ги спасат.
Доган информираше дека петмината веднаш се префрлени во болница, но дека лекарите не успеале да ги спасат.
Во тек е истрага за инцидентот.







