Елвис Халилај (50) и неговите двајца малолетни сина на возраст од 13 и 15 години се удавиja на плажата Виле-Боштово кај албанскиот град Каваје. Како што пренесуваат медиумите во регионот, 13-годишното момче го фатиле силни морски струи, а неговиот татко и 15-годишниот брат се обиделе да го спасат.
„АБЦ“ јавува дека семејството е од Тирана.
Телата моментално се во мртовечницата во Каваје и се очекува да бидат пренесени во мртовечницата во Драч за дополнително форезничко вештачење.
Медиумите пренесуваат дека во тој реон нема крајбрежна стража.
Во моментот на инцидентот имало многу луѓе кои се обиделе да пружат прва помош, но се било безуспешно.
„На подрачјето каде што се случи овој инцидент нема чувари на плажа, спасувачи или крајбрежна стража. Од истражувањето што го направи „АБЦ“ на морската линија на Драч, забележавме недостиг од персонал, набљудувачи и крајбрежна стража, што значи дека сме препуштени на милост и немилост“, рече новинарката која се јави од местото на трагедијата.







