Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трамп допатува во Ријад, прва станица од својата прва турнеја
Некатегоризирано

Трамп допатува во Ријад, прва станица од својата прва турнеја

мај 20, 2017Updated:мај 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Американскиот претседател Доналд Трамп допатува денеска во Ријад, престолнината на Саудиска Арабија, со што ја почна својата прва меѓународна турнеја откако ја превзеде претседателската функција.

Како што е предвидено, тој денес подоцна ќе има разговори со лидерите на Саудиска Арабија, а утре пред околу 50 арапски и муслимански лидери ќе одржи говор за исламот, пренесува АФП.

Трамп заедно со неговата сопруга Меланија, отпатуваа за Ријад со претседателскиот авион од воена воздухопловна база Ендрус, близу Вашингтон,и е прв американски претседател на кој Саудиска Арабија, или која било мнозински муслиманска земја, прва меѓународна дестинација на таа функција.

Во утрешниот говор Трамп ќе повика на единство во борбата против радикализмот во исламскиот свет, а тие напори ќе ги окарактеризира како „борба меѓу доброто и злото“, наведува АП повикувајќи се на нацртот на говорот на Трамп.

Трамп во таа прилика ќе ја избегне острата административна реторика каква што користеше во претседателската кампања, а нема да ги споменува демократијата и човековите права, како што е наведено во однапред подготвениот говор кој е подложен на измени, наведува американската агенција.

„Не сме тука за да држиме лекции – да им кажеме на луѓето како треба да живеат, што треба да работат или кои би требало да бидат. Овде сме да понудиме партнерство во изградба на подобра иднина за сите нас“, ќе им порача Трамп на Саудијците, најавува АП.

Трамп, исто така, ќе ги повика арапските и муслиманските лидери да „ги истераат терористите од своите светилишта“, како што е наведено во нацртот на неговиот говор на којшто агенцијата се повикува.

Во рамки на турнејата, планирано е Трамп да се состане со лидерите на честчлениот Совет за соработка во Персискиот залив, а за утре е предвиден ручек со лидерите на повеќе од 50 муслимански земји. Иато така, предвидено е Трамп да патува во Израел, Италија, Ватикан и Белгија.

Во Брисел ќе учествува на самитот на НАТО, а на Сицилија на состанокот на Г-7, наведува АФП.

 

 

 

Меланија Трамп во Ријад без марама

Првата дама на САД, Меланија Трамп, допатува во посета на Саудиска Арабија со својот сопруг Доналд Трамп, без марама на глава, а таа нејзина одлука веднаш привлече внимание на социјалните мрежи.

Таа од авионот излезе во црн комплет со широк златен ремен, но не го испочитува обичајот кој налага жените кои доаѓаат во официјална посета на Саудиска Арабија на глава да носат марама, пренесува АП.

Трамп своевремено ја критикуваше поранешната прва дама Мишел Обама што не носела марама кога таа земја ја посети во 2015 година со тогашниот претседател Барак Обама, забележува агенцијата.

Трамп во твотот во 2015 година наведе дека, иако многумина ја поздравија одлуката на Мишел Обама, народот на Саудиска Арабија „бил навреден“.

Претседателот Трамп посетата на Саудиска Арабија ја почна со кафе на аеродромот со саудискиот крал Салман, а подоцна во текот на денот ќе му биде приреден свечен дочек во кралскиот двор, после што е предвидена билатерален состанок со кралот и состанок со принцот–престолонаследник.

Вечерва ќе присуствува на кралскиот банкет во Палатата Мураба, а потоа ќе го посети Националниот музеј, информира американската новинска агенција.

Саудијците Трамп го дочекаа со билборди со неговиот лик и ликот на кралот долж сообраќајниците во Ријад, а луксузниот хотел каде што престојува Трамп е осветлен со црвени, бели и сини светла.

актуелно Вашингтон Доналд Трамп Меланија Трамп Ријад САД Салман Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.