Претседателот на САД, Доналд Трамп, и понатаму сака американските воени сили од Сирија да се вратат што поскоро, соопштија од Белата куќа.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека го убедил Трамп долгорочно да ги завдржи американските војници во таа земја.
„Мисијата на САД не се промени. Претседателот јасно кажа дека сака американските сили да се вратат што е можно поскоро“, истакна портпаролот на Белата куќа, Сара Сендерс.
Таа додаде дека Америка е одлучна да и нанесе пораз на „Исламска држава“ и да направи услови кои ќе го спречат нејзиното враќање.
„Покрај тоа, очекуваме нашите регионални сојузници и партнери да превземат поголема одговорност во воен и финансиски поглед за да се осигура тој регион“, рече Сандерс.







