Американскиот претседател Доналд Трамп го доведе во прашање односот со Велика Британија, најблискиот американски партнер, кога на Твитер ја искритикува премиерката тереза Меј, но тоа го направил обраќајќи и се на погрешна Тереза Меј.
Трамп во средата на Твитер проследил антиисламски видео снимки која ги објави британската екстремнодесничарска политичарка Џејде Франсен, што предизвика негативни реакции во Велика Британија, додека портпаролот на Тереза Меј изјави дека „Тоа што го направил претседателот е погрешно“.
Трамп не останал должен и и порачал на британската премиерка дека наместо со него треба да се занимава со „радикалниот деструктивен исламски тероризам во Велика Британија“.
Пораката на американскиот претседател, меѓутоа, не е упатена на профилот на британската премиерка туку на профилот на друга Тереза Меј.
Станува збор за жена која не се презива Меј и која има само шест следачи на социјалната мрежа, пренесе Асошиејтед прес.








