Американскиот претседател Доналд Трамп му ја честиташе денеска победата на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, соопштија од канцеларијата на тускиот претседател.
Двајцата лидери, како што се наведува во соопштението, договориле да се унапредат билатералните односи во областа на одбраната и безбедноста.
Во телефонскиот разговор Трамп и Ердоган укажале на потребата да го применат од порано договорениот план за Мамбиџ и се согласиле да соработуваат во борбата против тероризмот.
Односите меѓу НАТО сојузниците се затегнати поради низа прашања во изминатите неколку месеци, меѓу кои е и поддршката на Вашингтон на курдските сили во Сирија и турската набавка на руски ракетни системи С-400.
На почетокот на јуни, Анкара и Вашингтон постигнаа договор за план за повлекување на припадниците на курдската Народна заштитна единица од северниот сириски град Манбиџ.
Турција, имено, на Народната заштитна единица, која е поддржана од САД, гледа терористичка организаија.
До заладување на односите дојде кога турските власти го задржаа во притвор американскиот свештеник Ендру Брансон на основа на обвинение за тероризами кога донесоа одлука од Русија да купат противтенковски ракетни системи С-400.
Одборот на американскиот Сенат минатата недела усвои предлог закон кој вклучува одредба да се блокира турската набавка на повеќенаменски борбњни авиони Ф-35 лајтинг II, а како причина се наведува спогодбата за купување на С-400 и апсењето на Брансон.
Трамп и Ердоган ќе се сретнат во Брисел на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули.







