Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши дводневната посета на Кина посветена на надминување на отворените прашања меѓу двете најголеми светски економии, пренесува Си-ен-ен.
Претседателскиот авион „Ер форс уан“ полета од меѓународниот аеродром во Пекинг по официјалната церемонија за испраќање на Трамп.
Пред да влезе во авионот, Трамп ја крена раката стегната во тупаница поздравувајќи ги присутните на аеродромот што мавтаа со американски и кинески знамиња.
Во текот на посетата, Трамп учествуваше на државен банкет, одржа билатерални разговори и посети повеќе историски локации заедно со кинескиот лидер Си Ѓинпинг.
По последната средба со Си Ѓинпинг, американскиот претседател упати пофални зборови за кинескиот лидер и за кинескиот народ, оценувајќи дека зад нив се неколку навистина одлични дена.
Воедно, Трамп најави и посета на Ѓинпинг на САД во септември.







