Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тргнат „локдаунот“ на Собранието
Македонија

Тргнат „локдаунот“ на Собранието

април 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот го закажа продолжението на 32-та седница, а по завршување на 32-та, ќе продолжи 36-тата, на која, меѓудругото треба да се гласа и за трите закони кои се однесуваат на петтиот пакет антикризни мерки.

Во четвртокот Џафери ја прекина 32-та седница и најави дека е можно да предложи карантин за Собранието.

Имено, до доцна вечерта траеше жолчната расправа во која координаторите на пратеничките групи, дел од пратениците и претседателот на Парламентот повеќе од два часа, преку процедурални забелешки, расправаа дали да се гласа за 21 точка од 32-та седница и потоа да продолжи 36-тата седница или да се одложи гласањето поради немање кворум и да продолжи 36 седница, на која се и три закони од петтиот пакет антикризни мерки.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески соопшти дека тројца пратеници од нивните редови се во болница поради Ковид-19, и поради тоа владејачкото мнозинство нема кворум.

Џафери инсистираше да се изгласа 21-та точка од 32 седница, па потоа да се продолжи со 36-тата седница, а опозицијата бараше да се одложи гласањето доколку парламентарното мнозинство нема кворум и да се почне со 36-тата седница.

Опозиционерите одлучија да излезат од салата за да не создадат кворум за гласање по точките од 32 седница.

Спикерот Џафери откако констатираше дека на списокот за евиденција како присутни во Собранието се пријавиле 101 пратеник, кои треба да бидат во салата, почна да ги чита нивните имиња, за, како што рече, да слушнат граѓаните кои се тие кои земаат плата, а не учествуваат во работата на Собранието.

„Пратениците имаат обврска да присуствуваат во салата, а нивно право е дали ќе гласаат или нема да гласаат, или пак, ќе учествуваат во дебатата или нема да учествуваат. Не можам секој ден да плаќам патни трошоци за 101 пратеник, а во сала да бидат присутни 58 или 59 пратеници“, рече Џафери во четвртоток, кој ја искритикува опозицијата дека го блокира Собранието, а пратениците дека ги спроведуваат партиските одлуки наместо да работат во интерес на граѓаните.

„Се повикувате дека работите за граѓаните, тогаш повелете работете за нив“, рече Џафери.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, му посочи на Џафери дека кога не може да се создаде кворум, тогаш треба да го прифати ултиматумот од опозицијата, на што претседателот на Собранието рече дека не прифаќа ултиматуми.

 

(Фото: МИА)

актуелно ковид пратеници седница собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.