Речиси 200 припадници на итните служби за пружање помош во вчеравечер го бараа исчезнато двегодишно девојче во германскиот град Бинген (област Зигмаринген), јавува германски „Билд“.
Меѓутоа, девојчето се уште не е пронајдено, соопшти полицијата.
„Поради ниските температури ситуацијата е многу сериозна и опасна за детето“, изјави портпаролот и рече дека затоа е нужна брза интервенција.
Како што се дознава, во опсежната акција за пребарување на теренот учествувале полицијата, пожарникарите и техничката служба.
Бидејќи реката Лаучер тече блиску до семејната куќа, ангажирани се и нуркачи.
Користени се и четири дронови, хеликоптер и кучиња трагачи.
Полицијата соопшти и дека посебни потешкотии настанале поради маглата, а температурата била околу точката на смрзнување.
„Големата потрага беше прекината околу полноќ, но операцијата продолжува во помал обем“, велат надлежните.
За натамошниот тек на операцијата дополнително треба да се реши. Полицијата се уште не објави никакви информации за позадината на исчезнувањето на девојчето, пренесува „Билд“.
(Фото: Германска полиција / Илустрација)







