Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тренчевска уверува: „Пари за пензии и за плати има!“
Финансии

Тренчевска уверува: „Пари за пензии и за плати има!“

октомври 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вели дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи, како што нагласи, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати, посочувајќи притоа дека средства за пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита се предвидени во Буџетот.

„Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8 отсто и согласно новата методологија, усогласување на пензиите ќе има два пати во годината, во септември и во март. Целта на ваквото решение е воспоставување на систем за постојан раст на пензиите. Во бројки, пензионер со просечна пензија во август 16.376 денари, во септември добил 17,490 денари, споредно со јуни 2017 година, тоа е за околу 3.500-4.000 денари повеќе, рече Тренчевска во гостувањето на Телевизија 24, каде зборуваше на неколку теми кои се во надлежност на министерството со кое таа раководи.

Новата методологија, додаде, предвидувала усогласување на пензиите и тоа, според движењето на индексот на трошоци за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во висина од 50 отсто, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Министерката информираше дека, со здруженијата на пензионери веќе било разговарано и за зголемување на минималната пензија, за што ќе се отвори социјален дијалог и ќе се креира најиздржаното решение.

Министерката Тренчевска вели дека повисока плата значи и повисока позиција и поголеми одговорности, затоа праведно е процентуалното зголемување на пензиите.

„Линеарното зголемување од 600 денари што го правеше минатата власт е непочитување на законското решение и популистичка мерка. Преку усогласувањето на пензиите согласно новата методологија, пензиите имаат постојан раст и притоа, секое усогласување влегува во основицата на пензијата“, нагласи Тренчевска.

Таа потсети дека, со јануарското усогласување на пензиите од 2.9 отсто и заедно со 6.8 отсто за месец септември, оваа година пензиите пораснале за 9.7 проценти. Како и дека 330.000 пензионери добија и финансиска поддршка од 3.000 денари за полесно справување со економска криза.

актуелно Јована Тренчевска пари пензии плати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.